Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, денеска одржа видео повик со четврто одделенците од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Оваа средба требаше да се реализра во салата за состаноци на Општина Центар, но заради состојбата со коронавирусот и почитувајќи ги сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, градоначалникот Саша Богдановиќ  средбата ја реализираше електронски, користејќи ги дигиталните средства за комуникација.

Целта на денешниот повик беше учениците да се запознаат со работата на локалната самоуправа и Советот на општината кои се во рамки со годишната програма за работа на училиштето.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и советничката Јулијана Димески разговараа и одговараа на интересни прашања од страна учениците, поврзани со надлежностите на општината во сите сектори, но и на прашања кои се однесуваат за подобрување на условите во нивното училиште.

„Денес одржав онлајн комуникација со учениците од  ООУ „Ј. Х. Песталоци“. Ја имавме таа пракса да не посетат учениците и да учат за локалната самоуправа во просториите на Општина Центар, но заради вонредната ситуација, успеавме преку модерните алатки на комуникација да воспоставиме контакт и со дел од учениците да поразговараме за нивните прашања и нивната заинтересираност за работата на Општина Центар.“ – изјави Саша Богдановиќ.

Comments are closed.

Close Search Window