Активности|

Општина Центар ја известува јавноста дека заклучно од денес, среда (11.3.2020), општинските градинки и основни училишта нема да работат и одржуваат настава. Мерката за прекинување на воспитно-образовниот процес согласно препораките на Владата, ќе трае 14 дена и ги опфаќа 8-те основни училишта и 3-те градинки заедно со клоновите, кои се наоѓаат на територија на општината.

Овој чекор следи по одржаната 15-та седница на Владата и донесените одлуки, препораки и заклучоци од истатата седница, а се однесува на моменталната состојба со Корона вирусот.

Воедно, ги известуваме жителите и дека од денес, се прекинуваат редовните приемни денови и приемното време во Секторот за урбанизам на општината (вторник и четврток; 13:00 – 15:00).

Архивата на Општина Центар и понатаму ќе продолжи со прием на предмети во редовното работно време, од 9:00 – 15:00 часот.

Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до жителите да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со Корона вирусот.

Comments are closed.

Close Search Window