Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Никола Нешкоски, директор на Еко Логик – Здружение за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот за одржлив развој, потпишаа Меморандум за воспоставување соработка , со цел, имплементирање на проектот „Вело училишта“ наменет за учениците од основните училишта на територијата на Општина Центар.

Преку овој проект ќе се овозможи зголемување и унапредување на знаењето кај децата, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив развој, безбедност во сообраќајот, аерозагадување и климатски промени.

„Досега овој проект се реализираше само во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, како пилот проект, но отсега, проектот „Вело училишта“ ќе биде проект за сите ученици, наставниот  кадар и родителите во сите основни центарски училишта.Во рамки на проектот, преку планирани активности ќе се овозможи воведување на нови и креативни начини на учење, поврзани со темата – велосипедизам. “ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

Проектот „Вело училишта“ е со поддршка од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во Република Северна Македонија и истиот ќе се реализира со времетраење од пет години, со можност за продолжување.

Comments are closed.

Close Search Window