Активности|

Од денеска, ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар започнуваат нова едукативна кампањапод слоганот „Центарне е паркинг!“ со цел да се подигне свеста на граѓаните за последиците од прекумерното користење на возила.

Вонареднитенеколку недели, ќесеемитуваат4 емотивни видео пораки пренесени од деца од различна возраст кои апелираат до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу за тие да живеат во здрава и чиста животна средина. „Овие видеа испраќаат неколку моќни пораки кои ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот.Со оваа кампањасе приклучувамена Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје и општините кои веќе преземаа низа мерки за намалување на загадувањето и кои како што можеме да забележиме имаат ефект односнозначително е намалено нивото на аерозагадување, но мора да сфатиме дека секој од нас мора да придонесе за целосно да го отстраниме овој проблем“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевскина денешниот Божиќен појадок со новинари.

Еднаш неделно ќе се објавува по едно едукативно видео на неколку национални телевизии, македонски интернет портали и на социјалните мрежи.

„Со новата кампања „Центар не е паркинг!“ сакаме емотивно да допреме до граѓаните и преку овие видеа да им ги објасниме последиците од прекумерното користење на автомобили кои влијаат врз здравјето пред се на нивните деца, но и на сите граѓани на РСМ. Затоа, апелирам до граѓаните да користат повеќе градски и алтернативен превоз и заедно да овозможиме похумани услови за живот за сите нас и во општината и во градот“, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Comments are closed.

Close Search Window