Активности|

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешниот Божиќен појадок со медиумиги претставијаиднитеплановинапретпријатието и ги презентираакапиталнитеинвестицииза 2020 година кои ќе донесат многу бенефити за жителите на општина Центар и за граѓаните на Република Северна Македонија.

Одржувањето на јавната чистота преку селективнотоодложувањеотпад, собирањето и неговоторециклирањее од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината. Затоа, ЈП ПОЦ и Општина Центар во 2020 година ќе го воведат светскиоттрендворециклирањето – повратнивендингмашинизапластични и стакленишишињасо цел да ги мотивираат жителите да се вклучат во овој процес. До крајот на 2020 година ќе бидат поставени 27 повратни вендинг машини кои локациски ќе бидат распределени низ целата територија на општина Центар.„Веќе се набавени 9 машини од планираните 27и ќе започнеме со нивно поставување на почетокот на месец март. На овој проект работиме повеќе од една година и сметам дека ќе има големо влијание не само на развојот на нашето претпријатие, туку и за подигање на свеста кај граѓаните од потребата за рециклирање“, потенцираше директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар на почетокот на презентацијата.

Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад ќе добијат субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежнакартичка „GreenPay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и сл, или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието.„За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година и за секое рециклирано шише се обезбедени 1,5 денари, а воедно обезбедени се и средства за останатите 18 повратни вендинг машини. Се надевам дека овој позитивен пример ќе биде еден почеток во кој понатаму ќе се вклучат и другите општини, институции, како и приватни компании, сè со цел Општината, Градот и Република Северна Македонија да ги направиме поубаво место за живеење“ додаде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

На Божиќниот појадок беше најавена и новата мобилна апликација на ЈП Паркинзи на Општина Центар која е планирано да биде пуштена во употреба до крајот на месецот. „Направивме надоградба на веќе постоечката апликација и сега граѓаните ќе можат електронски да ги користат сите наши услуги и преку самата апликација“, истакна Кичевски.Новата мобилна апликација, исто така, ќе им овозможи на жителите на Општина Центар да ги пријавуваат сите комунални проблеми. „Сега ќе имаме точна слика за секој еден проблем на територија на општина Центар. Знаете некогаш едноставни проблеми не се решени поради немање на навремена информација како прегорена сијалица, оштетена клупа, дупка на некоја од сервисните улици или некој сличен комунален проблем. На овој начин ќе можеме да бидеме во постојана комуникација со граѓаните кои ќе добиваат повратни информации за решениот проблем кој тие ни го имаат предочено, а ние ќе можеме побрзо да ги отстрануваме комуналните проблеми на жителите на Општина Центар“, кажа градоначалникот Богдановиќ.

Следејќи ги светските трендови во паркинг индустријата, ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе воведе и мрежен систем за автоматска наплата за отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува со цел да се зголеми контролата и безбедноста на паркиралиштата.Овој мрежен систем вклучуваАНПР камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички), сензори и мобилни АНПР камерикои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштата. „Колку за илустрација,според првичните проценки на територија на општина Центар ќе бидат поставени отприлика 1500 камери во рок од 3 до 4 години. Овој проект значи врзување на цела мрежа од камери со што буквално ќе го имаме Центар на дланка. За жал, поради законските нормативи, ЈП ПОЦ нема да може да чува снимки од камерите, но се надеваме дека по воспоставување на мрежата, сите релевантни институции ќе се вклучат во проектот и со тоа ќе можеме безбедноста во централното градско подрачје да ја кренеме на едно сосема ново ниво.“ објасни директорот на ЈП ПОЦ.

Освен капиталните инвестиции, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар ги претстави и едукативните проекти и кампањи кои ќе бидат реализирани во 2020 година.

Заради минатогодишниот успех на проектот „Паркирај совесно!“, ЈП ПОЦ заедно со СВР Скопје, Град Скопје и Општина Центар ќе продолжи со реализација и оваа година и ќе ги едуцира најмладите идни возачи за правилно и прописно паркирање.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, од денеска, започнуваат со нова кампања за подигање на јавната свест „Центарне е паркинг!“ која преку емотивни видеа ќе апелира до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот.

Comments are closed.

Close Search Window