Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го посети Здружението на пензионери на Општина Центар и оствари средба со претседателот на здружението, г-динот Павле Спасев. Со над 10.000 членови, Здружението на пензионери на Општина Центар е едно од здруженијата со најмногу активни членови во државата.

На средбата, Спасев ја истакна традиционално добрата соработка со Општина Центар, му се заблагодари на градоначалникот Богдановиќ за она што досега општината и лично тој, го имаат направено за пензионерите и ја изрази својата поддршка за идните заеднички проекти и активности.

Спасев и Богдановиќ разговараа за постоечките општински политики наменети за пензионерите, пензионерските клубови, кои општината ги отвори за социјализација и за слободни активности, како и за сервисот Нега Плус, кој функционира во рамки на општината. Нега Плус е сервис кој на пензионерите им овозможува два различни пакети на секојдневна помош и грижа од стручно лице.

Градоначалникот Богдановиќ на општинските пензионери им вети дека грижата за пензионерските клубови во Центар ќе продолжи и во иднина, но изјави и дека од идната година ќе има нови пензионерски клубови.

По завршувањето на средбата, Богдановиќ и Спасев се заложија за интензивирање на соработката во понатамошниот период, со цел овозможување на поубави и безгрижни пензионерски денови.

Comments are closed.

Close Search Window