Активности, Проекти|

Општина Центар – Скопје Ве поканува на Буџетски форум кој по четврти пат се оддржува во Општина Центар – Скопје. Форумот ќе се одржува во два работни дена на 03.12.2019 (вторник) со почеток во 18.00 часот во ООУ „Димитар Миладинов“, во свечената сала и 04.12.2019 (среда) 18.00, ООУ „Киро Глигоров“ во аулата на училиштето.

Заради поголема вклученост на граѓаните во креирањето на општинскиот буџет. Буџетскиот форум ќе го реализираме на две локации.

Целта на форумот е да се презентира сработеното за 2019 година и да се подготви буџет на Општина Центар-Скопје за 2020 година заеднички со граѓаните на општината со цел ефикасно да се одговори на нивните барања, проблеми и потреби. Овој процес ќе допринесе кон зголемување на транспарентното работење на општината во корист на граѓаните.

Присутните граѓани ќе имаат можност да дискутираат за нацрт- буџетот, планираните програми и проекти за 2020 година на Општина Центар-Скопје, да предлагаат дополнителни проекти и да ги приоретизираат.

Предлози за буџет

  • Кој е вашиот предлог за буџетот на Општина Центар во 2020 година?

Comments are closed.

Close Search Window