Активности|

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и во овој период продолжува со контролите и инспекциските надзори на територија на општината.

На барање на граѓаните, инспекторите за бучава на општината од месец август наваму извршија повеќе контроли на локали, кафе барови и ресторани во Општина Центар. Оние локали чија гласност го надминуваше законски пропишаното ниво на бучава, беа соодветно санкционирани.

Контроли се извршени во следните локали: Интермецо и Нола бар во Капиштец, Колектив на Плоштад Македонија, Каза Кубана на Кеј 13-ти Ноември, Барака на ул. Аминта Трети и барот Бруклински на ул. Орце Николов.

На 1-ви и 2ри ноември, по секојдневни пријави на граѓаните до општината, во соработк а со Град Скопје и Полициската станица Центар, изврши вонреден инспекциски надзор во центарската населба Дебар Маало, односно во локалите Локал 45, Радио бар, Џуси бар и Папилон и изречени се глоби за одмерување на бучавата на Локал 45, Радио бар и Папилон, за надминување на дозволеното ниво на гласност, согласно важечкиот Закон за заштита од бучава. Дополнително, Град Скопје изрече 6 глоби за гласна музика, во висина од 5000 евра.

На 15-ти ноември (петок), инспекторите за мерење на бучава, заедно со овластената лабораторија за животна средина Еуромак Контрол, извршија вечерна контрола во локали на улица Аминта Трети, Кеј 13-ти Ноември и Плоштад Македонија. По завршување на мерењето, санкционирани се три локали: Колектив, Каза Кубана и ресторанот Дион.

Секторот за инспекциски работи во изминатиот период изврши вкупно 16 мерења и отвори 14 постапки за наплата на глоба за одмерување на бучавата. За оние санкционирани локали кои нема да ја исплатат глобата, општината ќе достави Барање за прекршок до Комисијата за прекршоци во Министерството за животна средина.

Контролите и надзорите во локалите ќе продолжат и во периодот што следи. Градоначалникот Саша Богдановиќ и општината апелираат до баровите, рестораните и локалите да се воздржат од гласната музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.

Comments are closed.

Close Search Window