Активности|

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15; 193/15; 31/16, 163/16; 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт И 01 – Маџир Маало 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024 дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Одлука за спроведување на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт И 01 – Маџир Маало1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024

Границата на зафатот е дефинирана:

северозапад по осовината на регулираното корито на Река Вардар;

запад по осовина на бул.„Крсте Мисирков“;

југозапад по осовина на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“;

југоисток по осовина на бул.„Крушевска република“.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 7,28 ха.

Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт И 01 – Маџир Маало 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, ќе се одржи во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1) во сала за состаноци, барака 6, на ден 20.11.2019 година (среда) во 12.00 часот.

Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт И 01 – Маџир Маало 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019 – 2024 ќе биде изложен во просториите наурбаната заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39, Скопје) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 12.11.2019 до 26.11.2019 година.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ќе биде објавено на веб страната на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок заинтерeсираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Comments are closed.

Close Search Window