Активности, Проекти|

На 24.09.2019, во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, со почеток во 18:00 часот, Општина Центар го организира третиот „Проектен граѓански форум“ на тема „Социјална инклузија“, во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”.

Како и претходните два форума, и овој е настан од отворен карактер за сите заинтересирани граѓани – жители на општината кои преку форумот имаат можност да се вклучат во процесот на креирање идеи и проекти за подобрување на животот во нашата општина иразвој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Досега се одржани двa проектни форуми на заедница на кои граѓаните ги дадоа своите предлози за подобрување на социјалната инклузија во нашата општина. Од страна на работните групи кои што беа формирани на 1-та форумска сесија се изработени предлог-концепти кои што беа презентирани на 2-та форумска сесија. На 3-тата форумска сесија групите треба да ги презентираат своите изработени предлог-проекти.  По презентацијата на 3-тата сесија, проектите кои се во согласност со критериумите на програмата, може да одат во понатамошна фаза и форумот го поддржува нивниот развој до 4-та сесија на која проектите ќе се бодуваат. На 4-тата и последна сесија, проектите кои ја поминале 3-тата сесија, и се потврдени од програмскиот одбор, граѓаните  учесниците на форумот ги приоретизираат /одлучуваат за нив, по пат на транспарентно бодување (гласање). Важна напомена е дека само тие граѓани кои што присуствувале на 3-те форумски сесии имаат право на глас во 4-тата форумска сесија.

На овој начин, учесниците на форумот одлучуваат кој/и проект/и се приоритетни за реализација во рамки на програмата и расположливиот буџет.

За потсетување, форумот е дел од активностите кои во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”, кој Општина Центар го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарска Развојна Агенција.  Со проектот се обезбедува грант во износ од 50.000 Швајцарски франци, за минимум 1 до максимум 3 граѓански проекти произлезени од сесиите.

Comments are closed.

Close Search Window