Образование|

Општина Центар во континуитет поддржува спортски активности и натпревари во кои се вклучени децата, затоа што веруваме дека спортот е особено важен за психо-физичкиот раст и развој на децата.

Денес го реализиравме традиционалниот атлетски крос на кој учествуваат ученици од седумте основни училишта од #НашЦентар, а за чија организација ни помогна Атлетскиот полициски клуб „7 мај“. Им честитаме на сите ученици кои први стигнаа на целта и на сите останати кои учествуваа во кросот. 🏆

Голема благодарност за поддршката на Фор ју – Гевгелија и Ефектива – Скопје.

Comments are closed.

Close Search Window