Активности, Образование|

Утринава, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша договорот за санација на покривот на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Со овој градежен зафат ќе се решат проблемите со покривот на училиштето, кој не е реконструиран повеќе од 10 години.

Реконструкцијата ќе опфати вкупна површина од 2389 метри квадратни, ќе биде енергетски ефикасен, засилен со минерална волна и ќе се изведува во согласност со сите современи стандарди за квалитет на градба. Работите, кои ќе започнат наредната недела, ќе ги изведува компанијата Изградба-Комерц ДООЕЛ Скопје, а цената изнесува 11.269.341 денари, средства одвоени од Буџетот на Општина Центар.

На почетокот на учебната година, во тек е акцијата за реконструкција на детските игралишта на територија на општината, а финишираат и започнатите градежни активности во сите основни училишта.

Покрај реконструкцијата на покривот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“, Општина Центар ги заврши проектите за новото спортско и детско игралиште во ООУ „11 Октомври“ и партерното уредување на дворот на ООУ „Кочо Рацин“, а наскоро ќе започне и реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Димитар Миладинов“, доградбата на училниците во ООУ „Коле Неделковски“ и реконструкцијата на тоалетите во ООУ „Кирил и Методиј“, кои ќе бидат готови во најбрз можен рок.

Comments are closed.

Close Search Window