Активности, Проекти|

Во рамките на Општина Центар се организираше завршниот настан од најголемата национална акција „Стоиме заедно“, хуманитарен проект за донација на прехранбени производи и средства за дезинфекција за помош и поддршка на социјално загрозените семејства што живеат во Република Северна Македонија.

„Честитки до сите учесници и до сите инволвирани организации и општествено одговорни компании што заеднички успеавме да ја реализира најголемата национална хуманитарна акција ‘Стоиме заедно’ за борба против намалувањето на сиромаштијата и гладот во нашата држава. Живееме во време на глобална здравствена криза и затоа секоја помош е неопходна за најранливите категории граѓани да добијат храна, секој ден во годината. Како локална самоуправа ја продолжуваме мисијата и визијата за ‘Општество без глад’ и преку заеднички активности со националните здруженија, организации и институции да обезбедиме храна за сите“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Мисијата на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во Република Северна Македонија, која има цел да овозможи соодветна превенција од фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладот и сиромаштијата. ВСС Ефект е заеднички проект да ги инспирира, зајакне и поддржи локалните граѓански организации и граѓаните и да креира подобар пристап до здрава и безбедна храна за сите.

Во проектот беа вклучени волонтери и претставници од разни здруженија и институции, кои преку патувачкиот караван посетија 20 градови во државата, а беа поделени 35.000 килограми прехранбени производи за 1620 семејства приматели на социјална помош.

Проектот го спроведува невладината организација „Банка за храна“, а се реализира со поддршка од Европската Унија во Скопје, Цивика мобилитас и ЦБФ Македонија.

Comments are closed.

Close Search Window