Активности|

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег, општинските служби започнаа со акцијата за распрскување на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешки пристапни улици во Центар.

Нанесувањето на емулзионата течност делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови.

Оваа активност Општина Центар ја спроведува секоја година, непосредно пред најавите за врнежи од снег и замрзнувањето на улиците, апликацијата на течноста е по должина на целата улица и е само дел од мерките кои општината ги има подготвено за полесно справување со зимската сезона.

Comments are closed.

Close Search Window