Активности, Култура, Образование, Прес, Совет, Спорт и млади|

Почнувајќи од денеска, секој жител на Општина Центар  ќе може да учествува во донесување одлуки на локално ниво и партиципативно да учествува во подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2021 година.

Општина Центар веќе седум години ги реализира граѓанските проектни и буџетски форуми, но заради новонастаната ситуација во нашата држава и поради заштита од ширење на вирусот Ковид -19, оваа година, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на нашата веб – страница и онлајн состаноци на платформата ZOOM.

„Одговорите на нашите граѓани имаат особено значење при креирањето на општинските програми за работа. Затоа,целта на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во креирање на локалната политика. Би сакал да ги охрабрам сите граѓани да земат учество во процесот на донесување одлуки и преку заеднички процес да се вклучиме во креирање на транспарентна локална самоуправа“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Линк од анкетниот прашалник за програмите на Општина Центар за 2021 година: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdzux5wQGr3xceL2PSgtGy6Nd8sp4-och_ylPtFVfTD4K4kfg/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Comments are closed.

Close Search Window