Активности|

Општина Центар, во континуитет ја продолжува грижата за квалитетен живот на центарци.

По пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи изврши мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава.

На 21.8.2020 година, Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, на правното лице Бруклински ДООЕЛ му изрече прекршочна глоба, во висина од 500 евра во денарска противредност.

Општина Центар апелира до сите угостители, локали и нивниот менаџмент, да се придржуваат до важечките правилници и законски одредби, да ги почитуваат истите и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност и бучава.

Укажуваме дека ќе продолжиме со санкционирање на сите локали кои нема да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина.И се во интерес на жителите.

Comments are closed.

Close Search Window