Активности|

Општина Центар, континуирано ја продолжува грижата за квалитетен живот на центарци.

По бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец,  кои се жалат на бучавата и гласната музика која се слуша од самиот локал, надлежни од Секторот за инспекциски работи, односно Инспекцијата за животна средина излегоа на терен и на кафе барот, поради гласна музика му изрекоа мандатна глоба во висина од 6000 евра во денарска противредност.

Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна.

Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.

Општина Центар укажува дека ќе продолжи со  санкционирање на локалите  кои нема да го почитуваат Законот.

Comments are closed.

Close Search Window