Активности|

Општина Центар постави три нови сервисни станици за велосипеди на три локации низ Општина Центар.
Велосипедистите ќе можат да ги користат сервисните велосипедски станици за поправки на ситни дефекти и мали интервенции, каде секој ќе може сам да си го санира дефектот.


Трите локации кои се избрани за поставување на станиците (Парк на Франкофони, Парк Капиштец и плочникот кај поранешна „Агромеханика“), се избрани поради зголемената фреквенција на велосипедисти на тие места.


Со оваа активност, раководството на Општина Центар повторно ја потврдува својата заложба за промовирање на алтернативните видови на сообраќај, но и за одржување на почиста и поздрава животна средина.

Comments are closed.

Close Search Window