Активности|

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ оствари средба со претставници на угостителите од општината, со цел успешно и ефикасно организирање на работата на угостителските објекти во услови на криза. На состанокот присуствуваа и инспекциските служби од општината, командирот Милисав Мијаличиќ од Полициската станица – Центар и главните инспектори од СВР – Скопје.

Во текот на неделата ќе се организираат повеќе состаноци со угостителите, распоредени територијално и етапно, со цел почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност и со спроведување безбедносен протокол пред одржување на секој состанок.

„Овој состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР – Скопје заради актуелната ситуацијата со кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции“изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Општина Центар им излегува во пресрет на соспствениците на угостителските објекти на нејзина територија. Општина ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.

„Согласно препораките на Владата на РСМ и Министерството за здравство, СВР – Скопје и ПС – Центар по предлог на Општина Центар, ќе преземат зголемени превентивни мерки за почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и наоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат угостителите“изјавија претставниците од СВР – Скопје.

„Благодарение на донацијата на велосипедите и велосипедската опрема од Општина Центар, ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината“ изјави командирот на ПС – Центар, Милисав Мијаличиќ.

Во наредниот период, Општина Центар во соработка со ПС – Центар и СВР – Скопје ќе преземе мерки кои ќе овозможат поддршка во работењето на угостителите во услови на пандемија, како и  поголема безбедност за жителите на Центар.

Comments are closed.

Close Search Window