Активности|

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје донесе нова интерна процедура за издавање на договори за користење на јавното паркиралиште со наплата и издавање на повластена паркинг карта со цел да им овозможи на жителите побрз начин за вадење на кориснички договори и полесен пристап до услугите на претпријатието.

Од 02 јуни 2020 година (вторник), жителите ќе можат 24/7 да склучат/продолжат кориснички договор на 7 локации на територија на Општина Центар: куќарката на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“, куќарката на затвореното паркиралиште „Трготекстил“, куќарката на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“, куќарката на затвореното паркиралиште „Палома Бјанка“, депото на службата „Пајак“ и пунктот за наплата во катната гаража „Судска палата“. Седмата локација ќе биде на новото затворено паркиралиште „Дилајла“ во Капиштец кое ќе се отвори наскоро.

Потребни документи кои ќе треба да се достават при склучување на договор за користење на повластена паркинг карта за жител (ПКЖ) се: копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола; додека потребни документи за повластена паркинг карта за жител со службено возило (ПКЖС) се: копија од лична карта, копија од сообраќајна дозвола, ППК 1 образец за користење на службено возило за приватни цели, копија од М1/М2 образец и тековна состојба од деловен субјект не постара од 6 месеци.

Корисниците и понатаму преку новата веб платформа www.poc.mk ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Comments are closed.

Close Search Window